Програмска целина – Развој и заштита на семејството – Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео) За Јавна Консултација!
Врска до Програмската Целина Заштита на Семејството на страницата на Родина Македонија
Стратешка Визија за Развој и Заштита на Семејството
Родина посебен акцент ќе стави на заштитата на традиционалното македонско семејство од аспект на социјалната сигурност, економска независност и заштита од манипулативните програми на западните институти за растурање на семејството.
Заштита на детето
- Забрана за секаква идеолошка и друга индоктринација на деца од страна на политички и невладини организации со принципи спротивни на македонските традиционални вредности, ЛГТБ заедницата и други туѓи влијанија.
- Слободен развој на детето во универзалните и традиционални вредности.
- Заштита на детето од содржини кои веќе се дел од македонскиот медиумски простор а кои ја имаат истата улога на идеолошка и друга индоктринација.
- Воспоставување на социјални програми за развивање на социјалната компонента кај нашите деца, кои се се повеќе отуѓени едно од друго со прекумерно користење на електронските средства.
- Организирање на настава во една смена на целата територија на државата за подобро планирање и реализација на слободните и социјални активности.
Создавање на дом и сопствен кров над глава за секого
- Државен проект “Ефтин дом”. Поефтинување на м2 со употреба на еколошки материјали, енергетски ефикасен дом изграден во приградски и рурални средини за здрав развој на детето и семејството. Субвенционирање, кредити со 1% камата, комплетна инфраструктура.
- Депопулација на урбаните средини. Пренаселеноста и урбаниот хаос во градовите донесе лош квалитет на живот и се помалку простор за нормален развој. Системот на ефтин дом надвор од градовите во добро урбанизирани средини ќе создаде амбиент за миграција град-приградски населби, село.
- Организирање на економски издржани целини во руралните, селски средини каде младите семејства ќе можат да најдат егзистенција. Поволности за инвестирање во рурални средини. (Опфатено во економските програмски цели)
Родители и нивните социјални права:
- Заштита на мајката, жената на работното место при бременост и породилно отсуство. Заштита од губење на работното место и деградација на истото.
- Породилно отсуство од 12 месеци, 40 часовна работна недела, дополнителни слободни денови до 5 година од раст на детето.
- Во делот на работничките права, 40 часовна работна недела и задолжителен секој втор викенд слободен за професии кои имаат постојан ангажман.
- Недела неработен ден, освен за работење на неопходните сервиси, полициска зашита, пожарна заштита и др.
Спроведување
Програмата Заштита и развој на семејството ќе се спроведува централизирано од владата и министерствата под надзор на Претседателот на Републиката и со општествен надзор на работата на министерствата преку народни општествени совети од граѓани избрани од народот.
Програмата Заштита и развој на семејството ќе се исполнува со паралелно применување на останатите основни цели
- Социјална, пензиска и здравствена заштита за секого, ниеден Македонец и семејство нема да бидат оставени сами на себе (види програмски дел Родина – Социјална поткрепа)
- Економската политика која ќе обезбедува целосна продуктивна вработеност користејќи го целиот домашен и иселенички Македонски работен и креативен потенцијал (види програмски дел Родина – Економски Насоки и Цели)
Вашите предлози за Програмската Целина – Економски насоки и цели може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адреса [email protected] или активно да се вклучите во Родина.
Браќа и Сестри, нека се чуе Македонскиот глас и волја! Создавај ја и спроведувај ја Државната, Економската, Политичката, Националната, Социјалната Обнова на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години!
Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“