Политика

РОДИНА МАКЕДОНИЈА,ПАРТИСКА РЕАКЦИЈА : ЈА ПОЗДРАВУВАМЕ ОДЛУКАТА НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА ЗА НЕУСТАВНОСТА НА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ И БАРАМЕ НЕГОВО ИТНО ПОНИШТУВАЊЕ!

РОДИНА РЕАКЦИЈА : ЈА ПОЗДРАВУВАМЕ ОДЛУКАТА НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА ЗА НЕУСТАВНОСТА НА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ И БАРАМЕ НЕГОВО ИТНО ПОНИШТУВАЊЕ!

Родина ја поздравува одлуката на венецијанската комисија за неуставноста и не лигитимноста на окторираниот закон за употреба на јазиците на територијата на Република Македонија од страна на квислиншката власт.

Родина смета дека законот за јазиците кои е донесен од страна на квислиншката власт со кои се бара целосна примена на албанскиот јазик на целата територија на Република Македонија е неуставен и не е во духот на европското право и политика и воедно преставува вовед во федерализација на Република Македонија.

Од тука ја поздравуваме одлуката на венецијанската комисија, а воедно и ја охрабруваме да донесе одлука за неуставност и нелегитимност на овој закон не само во поглед на уставот на Република Македонија, туку и во поглед на Европското право. Европското право како и европскиот систем не познава држави од унитарен карактер како Република Македонија кои имат два официјални јазици,освен оние држави кои се федерации. Европското право и европската пракса признава само примена на правото на јазиците на малцинствата во една држава, само во оние места каде што тие се во мнозинство, се разбира и во тој поглед има ограничување до каде може да се примени правото на употреба на јазиците на малцинските групи.

Од ова гледна точка сметаме дека одлуката која е на пат да ја донесе венецијанската комисија во врска со насила наметнатиот закон за употреба на јазиците како не уставен и спротивен во поглед на уставот на Република Македонија и европското право е сосема легитимна и исправна.

Related posts

Leave a Comment