Политика

РОДИНА-Партиска Реакција : Говор на омраза или пресуда на народот, оној Македонскиот, не некој анонимен

ПАРТИСКА РЕАКЦИЈА НА РОДИНА

Говор на омраза или пресуда на народот, оној македонскиот, не некој анонимен

Сосема сте во право, г.Ружин, новите механизми на комуникација му овозможуваат на секого да си го каже сопственото мислење, да пресуди занекој настан или личност, да ја каже сопствената вистина. Е сега вас ве заболе народната вистина, тоа е ваш проблем. Што мислевте сиве овие години кога местевте тендери, кога лапавте провизии од македонските душмани кои вие ги нарекувате стратешки партнери, кога си ги вработувавте децата за месечна плата во износ од целогодишна на една текстилна работничка? Што мислевте кога го испокрадовте народот до гола кожа? Што мислите сега кога се обидувате да го преименувате народот, да му го одземете идентитетот, да му ја продадете историјата? Мислите ли дека народниот суд ќе ве остави без пресуда. Овие навреди на кои вие се жалите, се само соопштување на пресудата, извршувањето ќе следи кога народот ќе ја земе власта во свои раце.

Нејасно е зошто сте изненадени од овие пресуди кои се разликуваат од тие на корумпираното судство. На една страна сте вие корумпираната криминогена политичка т.н. елита, заедно со вашите судии, олеснувачи, амбасадори и чадори. На другата страна е голоракиот народ, на кој само остриот збор му остана, кој иако го забранивте под превезот на говор на омраза, сеуште му е на располагање на народот. Македонскиот народ, а не некој анонимен, или северен каков што се обидувате да го преименувате. Или можеби ова е најновата желба на грците, кои можеби посакаа повторно да не преименуваат, овојпат во анонимуси. Нема да ви помине, воопшто, а најмалку така лесно како што ви ветиле во некоја од амбасадите.

П. С. Обвинувате за говор на омраза, а спроведувате фашизам.
Приклучи се на РОДИНА МАКЕДОНИЈА https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Related posts

Leave a Comment