Заменик-амбасадорот на Русија во ОН на својот канал на платформата Телеграм изјави дека седницата е закажана за утре во 17 часот по московско време.
Русија денеска побара јавна седница на Советот за безбедност на ОН на тема воено-биолошка програма на која работеа американски лаборатории во Украина, пренесува ТАСС.
„Побаравме јавна седница на Советот за безбедност на ОН за да презентираме нови докази за американските воено-биолошки програми спроведени во лаборатории во Украина“, изјави првиот заменик-амбасадор на Русија во ОН, Дмитриј Пољански.