Корона вирусната пандемија најверојатно ќе заврши оваа пролет, а можеби и порано, изјави шефицата на Руската агенција за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“, Ана Попова.
Таа првенствено мислеше на Русија, бидејќи зборуваше за напорите што ги прават руските власти во борбата против оваа инфекција.
– Сето ова ќе заврши до пролет ако се потрудиме, а можеби дури и порано – рече Попова за телевизијата „Русија 1“.
Истиот став го има и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, кој вели дека во следните неколку месеци ќе помине најлошиот период од борбата против ковид 19.
– Најлошиот период ќе заврши во наредните месеци, но ќе ни треба многу време додека вирусот целосно не се искорени – рече тој.
Да потсетиме, над 50 000 луѓе починаа во Русија од почетокот на пандемијата, а вкупно се заразени речиси три милиони луѓе.
На 11 март, Светската здравствена организација објави епидемија на нов вирус на корона, ковид 19. Според последните податоци, досега во светот биле заразени над 74,5 милиони луѓе, од кои повеќе од 1,6 милиони починале.
(Спутник)