Свет

Русија со остра порака до САД: „Престанете да ја пумпате Приштина со оружје“

Image

Москва – Соединетите држави треба да ја почитуваат Резолуцијата 1244 и да се воздржат од политиката на дополнително вооружување на Приштина, објави Амбасадата на Руската Федерација во Вашингтон.

„Ги повикуваме Соединетите држави строго да ја почитуваат Резолуцијата 1244 и да се откажат од политиката на пумпање на Приштина со воена опрема и оружје“, стои во пораката објавена на руската амбасада на Твитер.

Амбасадата исто така наведува дека ваквите провокативни чекори ги поткопуваат напорите за решавање на косовското прашање и зголемување на меѓуетничките и меѓуверските тензии.Пред неколку дена, САД донираа нови оклопни возила М-1117, познати и како „Гардијан“, на безбедносните сили на Косово.

Веста за донацијата на оклопни возила ја објави Министерството за одбрана во Приштина, а ресорниот министер Арменд Мехај ја посети касарната во Урошевац, со цел да биде информиран за таа донација, како што беше соопштено.

 

Related posts

Leave a Comment