РУСКИТЕ вооружени сили со ракети со висока прецизност уништија база за складирање оружје и муниција од странско производство добиена од Полска во регионот Лавов, изјави за новинарите портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков, пренесува руската новинска агенција Тасс.
„Ракети со голема прецизност и со долг дострел од воздух во близина на селото Радехив во регионот Лавов уништија складиште со оружје и муниција од странско производство што му се доставуваа на режимот во Киев од Полска“, рече Конашенков.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана тврди дека руските воздухопловни сили „убиле 50 националисти во Николаевка“.
„Како резултат на високопрецизен удар на руските воздушни сили на точката на привремено распоредување на единицата на 81-та воздухопловна бригада на вооружените сили на Украина во Николаевка, во Народна Република Доњецк, повеќе од 50 националисти се убиени и уништени се шест возила“, додаде тој.