Свет

Русија ја пренасочува нафтата кон Азија, Африка и Латинска Америка

МОСКВА – Русија ќе ги пренасочи испораките на нафта не само кон азиските земји, туку и кон Африка и Латинска Америка, изјави вицепремиерот Александар Новак на форумот „Недела на руската енергија“.

„Што се однесува до пренасочувањето, најголемиот дел од нашата нафта ќе биде насочена кон азиско-пацифичкиот регион, кон Индија, Пакистан и други земји во таа насока. Поточно, кон земјите од Африка и Латинска Америка, односно до оние на кои им се потребни нашите енергетски ресурси“, рече Новак, пренесува Тасс.

Тој најави и проширување на руските пристанишни капацитети.

„Кога е транспортот во прашање, има пристаништа и нафтоводи. Ембаргото не се однесува на испораките на гасоводи, туку само на поморскиот транспорт. Независно од тоа, сите наши логистички центри кои моментално се користат ќе продолжат да се користат и ќе се прошируваат. Планираме да ги прошириме капацитетите на пристаништето Уст-Луга, Новоросијск и во регионот Приморски за околу 40 милиони метрички тони; што е доста голем волумен“, изјави Новак.

Related posts

Leave a Comment