Свет

Руската војска спречи смртоносна конфронтација меѓу сириските и турските сили

 

 

Руската војска брзо интервенираше за да спречи смртоносна конфронтација меѓу сириските и турските сили во саботата,

Сириската арапска армија (САА) првпат отвори оган врз милитантните во областа Шејр Магер, откако бунтовниците поддржани од турската армија истрелале неколку артилериски гранати кон сириските позиции во северозападниот дел на Хама. Областа Шејр Магер е местото каде што се наоѓа турскиот набљудувачки пункт.

По нападот на сириската армија на турскиот пункт, руските вооружени сили брзо интервенирале за да спречат понатамошни непријателства

Претходно оваа недела, сириската армија уби еден турски војник во областа Шејр Магер, откако реагираше на нападот на милитантите во северозападниот дел на Хама.

Турските вооружени сили подоцна се одмаздиле со гранатирање на контролните пунктови на сириската армија во близина на Шејр Магер – немало жртви.

Related posts

Leave a Comment