Шпекулациите на западните земји за бројот на денови потребни за да падне Киев за време на наводната руска инвазија се налудничави и претставуваат ширење на паника, изјави заменик постојаниот претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански.
„Лудилото и ширењето на паниката продолжуваат. Што ако кажеме дека САД би можеле да го заземат Лондон за една недела и тоа ќе доведе до 300.000 жртви? А тоа би се засновало на разузнавачки податоци кои не би ги откриле. Дали тоа би било коректно за Американците и Британците? Погрешно е и во однос на Русите и Украинците“, потенцира Пољански.
Madness and scaremongering continues..what if we would say that US could seize London in a week and cause 300K civilian deaths? All this based on our intelligence sources that we won’t disclose.Would it feel right for Americans and Britts?It’s as wrong for Russians and Ukrainians https://t.co/Zai1tpowO7
— Dmitry Polyanskiy (@Dpol_un) February 6, 2022
Претходно, Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори, објави дека руските сили би можеле да го заземат Киев „за неколку дена“ во случај на „инвазија на Украина“ . Се проценува дека во тој хипотетички конфликт меѓу двете земји, вкупниот број на жртви би можел да достигне 85.000.
Во саботата германскиот таблоид „Билд“ објави извештај на неименувани тајни служби за наводниот „план“ Русија да ја приклучи Украина на Сојузната држава Русија и Белорусија. Овој напис се појави по лажната вест на агенцијата „Блумберг“, која објави дека Русија започнала инвазија на Украина , а потоа ја признала грешката и го избришала текстот.
Да потсетиме, Западот, вклучително и медиумите, со месеци ја обвинува Русија дека има намера да ја нападне Украина. Иако тоа безброј пати беше демантирано во Москва, многу медиуми се уште инсистираат на тоа, објавувајќи, меѓу другото, шпекулации за тоа кога и како треба да започне наводната инвазија.