На почетокот на годината Русија го тестираше Лансет 3 во Сирија, уништувајќи неколку упоришта на терористите.
Компанијата „ZALA Lancet“ разви полесна и потешка варијанта на ова високо прецизно и исклучително опасно оружје.
„Лансет-1“ спаѓа во категоријата на лесни беспилотни авиони кои ќе имаат можност да носат минијатурни боеви глави со тежина од 0,7-1,0 килограми, додека на пример „Лансет-3“ ќе биде малку потежок и ќе може да носи боева глава двојно повеќе голема. Благодарение на аеродинамичниот облик на леталото ќе има зголемена моќ за маневрирање како и стабилност при слетување на целта, со што се постигнуваат максимални резултати кога се работи за избор на цели и прецизност на самото дејство.Тоа е исклучително евтино оружје, кое може да постигне максимална брзина од 80-130 km/h, и да ја погоди целта на растојание до 40 km.
Нивната „интелектуална“ способност овозможува напади во поголеми групи-роеви.
Ukranian ship get Lancet UAV pic.twitter.com/vlIAAmJhaz
— ZOKA (@200_zoka) November 4, 2022