Свет

Руски полковник: Москва трајно ќе ја запре испораката на оружје за Украина – има само еден начин за тоа…

Русија може трајно да го запре снабдувањето со оружје од земјите на НАТО за Украина, но постои само еден начин да се постигне тоа. Вакво мислење изјави полковникот во пензија Виктор Баранец.

Експертот смета дека САД се „длабоко вклучени“ во конфликтот во Украина. Според него, учеството на САД и нивните сојузници во НАТО во поддршката на вооружените сили на Украина го одложува текот на руската „специјална операција“ – вооружените сили на Русија мора да се спротивстават на голем број западни платеници и вооружени системи.

Заклучокот од ситуацијата го сугерира следново – за да се забрза текот на „СВО“ и брзо да се елиминираат украинските сили, Русија треба да го прекине снабдувањето со оружје од Запад за Украина. Постои само еден начин да се направи тоа.

„Потребно е итно да се уништи воената опрема на Западот, која и е испорачана на Украина, на влезните места. Овој проблем веќе тропа на врата. Опремата која веќе е во зоната на конфликтот мора да биде уништена. Штом било кое возило или ракетен фрлач ја премине украинската граница, мора веднаш да се уништи. Ова ќе ја покаже залудноста на понудата. Тоа е како да истураш вода во сито – ја истураш и исчезнува“, открива Баранец.

„Колку повеќе уништуваме, толку побрзо ќе разберат. Тие не се најглупавите луѓе – добро пресметуваат. Кога ќе покажеме запалени американски тенкови, оклопни транспортери и топови на полињата, цел свет ќе им се смее. Ќе уништуваме се повеќе американско оружје, немаме друг излез“, резимира Баранец.

Германските политичари претходно признаа дека земјите од НАТО се согласиле да не ги префрлаат модерните тенкови на Алијансата во Украина. Воените експерти ова го припишуваат на неподготвеноста на Западот да се посрамоти пред Русија и пред очите на целиот свет.

Related posts

Leave a Comment