Рускиот претседател Владимир Путин му изрази сочувство на американскиот претседател Доналд Трамп за масовните убиства во Дејтон (Охајо) и Ел Пасо (Тексас), соопшти во неделата Кремлин.
„Владимир Путин упати порака со сочувство до американскиот претседател Доналд Трамп за трагичните инциденти во Тексас и Охајо“, се вели во соопштението на Кремлин.
Во саботата, 21-годишен белец отвори оган врз луѓето во продавницата Волмарт, во близина на трговскиот центар Сило Виста, во градот Ел Пасо, во близина на границата меѓу САД и Мексико. Тој беше уапсен од полицијата. Властите соопштија дека 20 лица загинале, а 26 повредени.
Во раните утрински часови во неделата, најмалку девет лица беа убиени, а уште 26 се здобиле со рани при пукањето во Дејтон. Напаѓачот беше застрелан од полицијата.