Соединетите држави одбиле да издадат визи за одделни членови на руската делегација во Обединетите нации, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Министерот за надворешни работи на Русија изјави дека Вашингтон ги прекршил своите меѓународни обврски, пренесува Ројтерс.
Руската новинска агенција Интерфакс објави дека Лавров ќе разговара за ова прашање со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во Њујорк, каде е во тек седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.