Ројтерс објави дека Вашингтон верува оти Иран стои зад минатонеделните напади врз двата танкери во Оманскиот Залив
ВАШИНГТОН, 18 јуни. САД се подготвуваат да испратат дополнителни војници на Блискиот Исток како одговор на зголемената загриженост околу Иран, објави Ројтерс во вторникот, повикувајќи се на американски официјални претставници.
Ројтерс рече дека Вашингтон верува оти Иран стои зад минатонеделните напади врз двата танкери во Оманскиот Залив.
Официјалните претставници не наведоа колку војници ќе бидат распоредени и не дадоа никакви детали за времето на распоредувањето.
Прес-службата на Пентагон одби да даде какви било коментари за ситуацијата .
На 13 јуни, двата танкери се запалија во Оманскиот залив по нападот. Екипите, со руски државјани меѓу нивните членови, беа евакуирани од иранските спасувачки служби и беа однесени во пристаништето Јаск. Американскиот државен секретар, Мајкл Помпео, рече дека Иран е одговорен за нападите. Техеран негираше каква било вмешаност во инцидентот.