Свет

Салвини застана во одбрана на началникот за безбедност на градот Вогери кој бранејќи се усмртил емигрант од Мароко(ВИДЕО)

Italy's Salvini faces trial for 'aggravated kidnapping' over blocked  migrants

ЧЛЕН на Италијанската партија Лига и началник на градската канцеларија за безбедност во Вогери во северна Италија усмрти  Мароканец со кого влегол во конфликт.

Првиот човек на таа партија, Матео Салвини, вели дека стабува збор за легитимна одбрана

Уапсен е Масимо Адриатичи, советник во Лигата и поранешен командант на полицијата, а отворена е истрага за прекумерна употреба на сила, објави новинската агенција Анса, повикувајќи се на извори на истрага.

Локалната полиција не беше достапна за коментар на барање на новинската агенција Франс Прес.

Жртвата погодена со огнено оружје во градите е 39-годишен Мароканец.

Според локалните медиуми, Мароканецот синоќа малтретирал жена пред еден бар во Вогера, па градскиот советник решил да интервенира и повикал полиција. Мароканецот започнал да го турка, а Адриатичи, кој имал пиштол со себе, тврди дека оружјето испукало во моментот кога паднал на земја.

Матео Салвини, поранешен министер за внатрешни работи, тврди дека Адриатичи бил „жртва на агресија“ и реагирал во „легитимна одбрана“.

„Случајно е испукан куршум, кој за жал погоди странец“, рече Салвини во видеото на неговата страница на Фејсбук.

Сенаторот на Демократската партија (лево од центарот) Алан Ферари, исто така локален советник, го повика Салвини да ја осуди ваквата постапка.

„Во цивилизирана и демократска земја, шефот на градската канцеларија за безбедност не пука во никого“, порача Ферари.

http://

Related posts

Leave a Comment