Свет

Салвини се соочува со отпор кон распуштање на парламентот

 

 

Претседателот на Лигата, Матео Салвини, кој повика на распуштање на парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори во Италија, во неделата се соочи растечки отпор, на Салвини му се спротивстави поранешниот коалициски партнер на Движењето Пет Sвезди и дел од централно-левичарската опозиција.

Десничарската лига на Салвини во петокот побара изгласување доверба во италијанската влада, која ја сочинуваат, како првично послаб партнер, неговата партија и популистичкото движење Пет Sвезди .

Салвини се надева на нови избори до октомври, на кои, според анкетите, далеку  најсилна, Лигата би освоила најмногу гласови и ќе го направи Салвини премиер.

Неговиот план привлече критики од другите партии, со чија поддршка Лигата треба да издејствува гласање за недоверба во владата.

Поранешниот претседател на централнолевичарската Демократска партија (ПД), Матео Ренци, кој сè уште има силно влијание врз најголемата опозициска партија, рече дека изборите, во време кога владата треба да започне со подготовките за презентирање на буџетот за следната година, би биле „лудост“.

Ренци за техничка влада

Во интервју за Кориере дела Сера, Ренци се залагаше за техничка влада што ќе ја има поддршката на партиите од политичкиот спектар.

Тој, исто така, го поддржа предлогот на М5Ѕ пред новите избори бројот на членовите на долниот дом и бројот на сенатори да се намали за 345.

Во моментов, долниот дом на италијанскиот парламент е составен од 630 члена, а горниот дом е 315 сенатор.

Лидерот на М5Ѕ, Луиџи Ди Мајо рече дека предизвикувањето нова криза на владата ќе биде „глупава и опасна“.

Додека ПД, која е внатрешно длабоко поделена, а М5Ѕ имаше различни ставови за многу прашања, аналитичарите се сомневаат во зближување меѓу двете партии, обединети во обид да ги спречат плановите на Салвини, претпоставувајќи дека тој веројатно ќе победи на следните избори.

Сепак, сегашниот претседател на Демократската партија, Никола Зингарети, изјави на државната телевизија дека смета оти предлогот на Ренци нема да профункционира.

„Сите ние сме свесни за опасноста што ја преставува Салвини, но не мислам дека влада што ги поправа јавните финансии, нарушени од Салвини, ќе биде решението“, рече тој.

Related posts

Leave a Comment