Медведев укажа на позадината на економските санкции против Русија, како и нејзините можности според меѓународното право.
„Под одредени околности, незаконските санкции може да се оквалификуваат како акт на агресија против Русија“, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.„Незаконските санкции под одредени околности може да се сметаат за акт на меѓународна агресија од страна на одредени држави или нивни соработници“, рече тој.
Медведев објасни дека тоа се однесува на случаи кога примената на санкциите има за цел да ја наруши економската независност на земјата, а со тоа и државниот суверенитет, а го загрозува и самото постоење на државата.
„Во суштина, како што велат нашите противници, ова е објава на економска војна. Имајќи ги предвид севкупните правни и политички околности, може да се заклучи дека санкциите во сегашната ситуација можат да се оквалификуваат како акт на агресија врз Руската Федерација, како форма на хибридна војна“, рече заменик-претседателот на Советот за безбедност, пренесува RT на руски.
Според него, во овој случај државата која била подложена на агресија, односно Русија, има право на индивидуална и колективна одбрана во рамките на националното законодавство и меѓународното право.
„Никој не треба да се сомнева дека Русија ќе го искористи ова право во форми и во границите што ги смета за соодветни“, резимира Дмитриј Медведев. Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека масовните ограничувања на Западот имаат за цел „да ги влошат животите на милиони луѓе“ и дека тие ги имаат сите знаци на агресија, војна со економски, политички и информациски средства.
Претходно Медведев ги наведе причините поради кои Русија може да употреби нуклеарно оружје.
Првата ситуација е кога Русија би била погодена од ракетен напад со нуклеарно оружје. Потоа, втората основа е каква било друга употреба на нуклеарно оружје против земјата или нејзините сојузници.
Третиот е напад врз критичната инфраструктура, која би го парализирала нуклеарното одвраќање на Русија. и конечно, четвртата причина може да биде акт на агресија против Русија или нејзините сојузници, кога опстанокот на земјата би бил загрозен. Како што објасни Медведев, последното сценарио сугерира одговор, дури и ако не се употреби нуклеарно оружје против Русија.