Економија

Саудиска Арабија во сериозна економска криза

Saudi Arabia Arrests Effect on Oil Price

Ријад – Саудиска Арабија би можела оваа година да позајми дури 58 милијарди долари за да ги покрие дупките во буџетот предизвикани од падот на цената на нафтата, пренесува Блумберг.

„Кралството мина низ слични кризи во историјата, можеби дури и полоши и беше во состојба да ги надмине. Оваа криза не е исклучок“, рече саудискиот министер за финансии Мухамед ал-Јадаан, пренесува Раша Тудеј.

Сепак, повеќето економски аналитичари забележуваат дека оваа криза со цената на нафтата не е слична на која било друга во историјата. Единствената комбинација на вишок на понуда и пад на побарувачката од 30 проценти, во голема мерка ги оптеретува економиите зависни од нафта ширум светот, па дури и Саудиска Арабија не е исклучок, пренесува SEEbiz.

Најголемата светска нафтена компанија Saudi Aramco, размислува за продажба од 10 милијарди американски долари во дел од својот гасовод.

Бројни економски анализи велат дека Саудиска Арабија се подготвува за неизбежниот удар.

Во март, владата на Кралството побара од државните агенции да го намалат буџетот за најмалку 20 проценти, пренесе Ројтерс.

Тоа беше пред ОПЕК + да се согласи на намалување на 9,7 милиони барели со надеж дека тоа ќе им помогне на цените. Сепак, тоа не се случи.

Според аналитичар на инвестициската банка со седиште во Египет, саудискиот дефицит би можел да се зголеми на 15 проценти од БДП, пишува Блумберг.

Related posts

Leave a Comment