Светската здравствена организација и САД се осомничени за лобирање на своите интереси на штета на Сирија, се вели во соопштението на шефовите на рускиот и сирискиот штаб за враќање на бегалците во татковината, Михаил Мизинцев и Хусеин Махлуф.
Светската здравствена организација се договори со САД за испорака на хуманитарна помош преку граничниот премин „Јарубија“ на северо-исток од земјата. Според Мизинцев и Махлуф, под маската на тоа, Вашингтон се обидува да изврши транзит на оружје за милитантите и да извезе нелегално произведени енергенти.
„Преку овој премин, можен е извоз нз оружје, наркотици, милитанти и коронавирус на териториите на соседните земји“. „Се добива впечаток дека оваа организација лобира за интересите на Западот на штета на сирискиот народ и на регионалната безбедност“, потенцираат Мизинцев и Махлуф.
Тие го повикаа СЗО да ја ревидираа нејзината политика и да престане да наметнува „практика на манипулирање со јавното мислење“.
Вчера, САД го потврдија успехот на Русија во Сирија, потенцирајќи дека за поддршка од Вашингтон, Москва мора да престане да соработува со сирискиот лидер Башар Ал Асад.