МакедонијаФБ Статуси

СЕ ПРОМЕНИ ЛИ НЕШТО? – Љубомир Цуцуловски

 

 

СЕ ПРОМЕНИ ЛИ НЕШТО? Времето минува, низ него минуваме и ние. Меѓутоа, со него не минуваат и состојбите во кои се наоѓа Македонија. Без какво и да е преувеличување, тие и се продлабочуваат. Во 2000 година дадов интервју за „Утрински весник“. Тогаш на власт беше ВМРО – ДПМНЕ, во коалиција со ДА на Топурковски. Премиер беше Љубчо Георгиевски. Се очекуваше дека новата власт, избрана 1998 година, битно ќе ја промени состојбата во Македонија, особено после владеењето на СДСМ, предводено од Бранко Црвенковски. Меѓутоа, не се случи ништ ново. Во денешниот пост (без никакви промени) пренесувам мал дел од тогашното интервју, насловено „Оваа власт нè исмејува и маргинализира пред светот“ Нецели две години потоа, интервјуто го објавив во книгата „Политички сказни“ (Култура, Скопје, 2002, стр. 87-95)

„ПРАШАЊЕ. Промени нѝ се случуваат речиси година и половина. Што се промени, според Вас, внатре (во расположението, во моралот, во однесувањето, во безбедноста, во среќата и спокојството на граѓаните во државата), а што надвор (во третманот на Македонија во Европа, во статусот и третманот на македонското малцинство во соседните земји…)

ОДГОВОР. Се случија промени во несакан правец. Сето што оваа власт (предводена од ВМРО – ДПМНЕ, заб. Љ.Ц.) го прави е веќе видено, меѓутоа не во вака засилена форма. И пред неа Македонија безглаво се нудеше на НАТО (на пр., Криволак се нудеше без каква било цена). Претходната власт (на СДСМ, заб. Љ.Ц.) се откажа од уставното име на државава. Се откажа од знамето и од Македонците во Грција. Вршеше недозволено одземање на сопственоста на работниците во името на некаква си приватизација, а во ниеден момент не ги праша сопствениците (работниците) дали сакаат да се откажат од нивната сопственост. Велам од нивната сопственост, бидејќи сè што во претходниот систем беше создадено, беше создадено од работниците и само тие можат да бидат сопственици на тој имот. Се случи скандалот паравојска и уште поскандалозното амнестирање на главните актери во овие настани од сушнтински државен интерес. Никогаш не се разбра што е со триесетина килограми хероин запленет од МВР, како што не се расветли повеќекратното убиство во Струмица (Мудинови, заб. Љ.Ц.). Милиони марки беа одземени од мистериозниот мистер Октопод и исто толку милиони марки од тој мистер Октопод беа дадени на „заслужни“ граѓани под фирмата „поволни кредити”. И тука е одговорноста на оваа влада, која требаше овие ситуации да ги надмине, а не да ги засили и прошири. Засилувајќи и проширувајќи ги, власта нè фрла во кошот на некаков Западен Балкан, нè маргинализира и нè исмејува пред светот, налик на некаков квазиполитички кловн, глумејќи саму на нив позната позитивна, а всушност кукавичка и лакејска енергија. Едноставно, нè претставуваат како да сме некаква тапоглава нација, без достоинство и без какви и да е човечки вредности и чувства („Утрински весник“, 15 април 2000, Скопје, стр. 5.)“

Така беше за време на првото владеење на ВМРО – ДПМНЕ, во периодот 1998-2002 година. Ситуациите се, за жал или среќа, едноставни: СДСМ → ВМРО-ДПМНЕ → СДСМ → ВМРО-ДПМНЕ → СДСМ. Сепак, што потоа?

 

ФБ Статус на професорот Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment