Свет

СЕРГЕЈ ЛАВРОВ: Европската унија и НАТО составуваат коалиција за војна против Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Европската унија и НАТО собираат коалиција за борba, и судејќи по се, војна против Русија.

– Секако, ние реално ќе го гледаме однесувањето на Европската унија и ќе ги следиме вистинските чекори што ги презема, и како земјите-кандидатки ги почитуваат овие барања или сепак се обидуваат да ја покажат својата независност. Не негуваме илузии дека постојниот русофобичен набој кон ЕУ некако ќе стивне или дека ќе се промени во догледна иднина или долгорочно – рече Лавров на прес-конференција со министерот за надворешни работи на Азербејџан во Баку.

Сепак, како што оцени, тоа е патот што го избраа Европејците.

– Тоа е патека која, за жал, потсетува на … Знаете, кога започна Втората светска војна, Хитлер собра под своето знаме значаен дел од европските земји, ако не и поголем дел, за војната против Советскиот Сојуз. Сега, меѓу другото, Европската унија, заедно со НАТО, составува таква модерна коалиција за борба, а очигледно и за војна против Русија. Сето тоа внимателно ќе го следиме – рече Лавров.

Коментирајќи го доделувањето кандидатски статус за ЕУ ​​на Молдавија и Украина, Лавров рече дека развојот на односите на Европската унија со другите земји не создава ризици за Русија, бидејќи таа не е воен блок.

– Нашиот став отсекогаш се засноваше на тоа дека Европската унија не е воено-политички блок, затоа, за разлика од НАТО, развојот на нејзините односи со земјите што го сакаат тоа не создава никакви закани и ризици за нас. Тоа уште еднаш го потврди и претседателот Путин за време на дискусиите на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург – изјави Лавров кој е во посета на Баку.

 

Related posts

Leave a Comment