Свет

Сиднеј под воено фашистичка окупација: Војската оди од врата на врата и проверува дали се почитува карантинот

ADF officers in masks accompany police on door knocks to make sure  Australians are self-isolating | Daily Mail Online

На улиците на австралискиот град Сиднеј, денес се распоредени војници за да се осигураат дека позитивните лица на коронавирус го почитуваат карантинот.

Околу 300 војници пристигнаа во Сиднеј на барање на државната полиција на Нов Јужен Велс.

Тие ќе доставуваат пакети со храна и ќе проверуваат од врата до врата дали се почитува мерката карантин. Мерките за затворање во Сиднеј веќе пет недели се во сила и треба да траат до крајот на август.

На ваквите драконски мерки се спротивстави австралиското здружение на правници кое изјави дека ваквите мерки се погубни за земја на либералната демократија.

Голем број граѓани исто така се спротивставуваат на мерките нарекувајки ги фашистички, а голем број изминатиов месец излегуваа на масовни јавни протести кои прераснаа во физички судири со полицијата која употреби хеликоптери и солзавец.

И покрај сите репресивни мерки, австралиската влада не успеа да го подигне процентот на вакцинација па така до сега се вакцинирани само 16,7 проценти од населението што е најмала стапка во земјите од западните демократии.

 

Related posts

Leave a Comment