Свет

Силите на прорускиот маршал Хафтар завземаа турски брод,ситуацијата е критична(ФОТО / ВИДЕО)

Во април, самопрогласената либиска национална армија под команда на Калифа Хафтар започна офанзива во Триполи.

Воената морнарица на либиската национална армија на Маршал Калифа Хафтар, заплени цивилен брод, составен од турски државјани, јави новинската агенција Блумберг.

Еден либиски брод на морнарицата, заплени турски брод во територијалните води на Либија и го придружува кон Рас ел Халал на увид. Не беше соопштено каков товар се транспортирал на запленетиот брод.

Запленувањето се случи откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази подготвеност да обезбеди воена помош на Владата за национално единство во Триполи.

Вчера турскиот парламент го одобри претходно потпишаниот договор со Владата на националното единство за соработка во одбраната и безбедноста.

Минатата недела,командантот на либиската национална армија Маршал Калифа Хафтар, нареди турските бродови да се потопуваат.

Во април, самопрогласената либиска национална армија под команда на Калифа Хафтар започна офанзива во Триполи.

По соборувањето и атентатот врз либискиот лидер Моамер ал Гадафи во 2011 година, Либија практично престана да функционира како обединета држава. Сега има двовластие во земјата. Парламентот, избран од народот, го окупира истокот, а на запад, во главниот град Триполи, управува Владата на национално единство, формирана со поддршка од Европската унија и ООН.

Во меѓувреме САД изразија загриженост за интензивирање на конфликтот во Либија, бидејќи се зголемуваат извештаите за руски платеници кои ги поддржуваат силите на Калифа Хафтар на теренот, изјави денес висок функционер на Стејт департментот.Како што пренесува АП, САД продолжуваат да ја признаваат владата на национално единство предводена од Фајез Сарај, рече официјалниот претставник, но додаде дека Вашингтон не зазема страни во конфликтот и разговара со сите актери кои би можеле да имаат влијание во обидот да постигнат мировен договор.

Related posts

Leave a Comment