Свет

СКАНДАЛ: Зеленски настапи пред грчкиот парламент со припадници на нацистичкиот баталјон„Азов“ (ВИДЕО)

Претседателот на Украина Владимир Зеленски преку видео линк заедно со припадници на екстремистичкиот полк „Азов“, се обрати пред грчкиот парламент и предизвика скандал, пренесува РИА Новости.

Се напоменува дека пратениците на Комунистичката партија на Грција ККЕ и на десничарската партија Грчко решение го игнорирале говорот на украинскиот претседател, одбивајќи да присуствуваат на парламентарната седница во тоа време. Зеленски го поздравија само парламентарците од владејачката партија Нова демократија.

Во текот на својот говор, претседателот на Украина зборуваше за ситуацијата во Украина и ја повика Грција да и даде максимална поддршка на неговата држава. Тој ги повика пратениците да го погледнат видеото со апелот на двајца борци на „Азов“ од Мариупол. „Тоа се двајца Украинци со грчко потекло, еден од нив носи маска, не може да го покаже лицето, се надевам разбирате“, објасни Зеленски.

Првиот член на „Азов“ даде многу контроверзна изјава во своето обраќање пред грчките парламентарци, со оглед на тоа што неговата единица во многу земји во светот е окарактеризирана како нацистичка. Тој изјавил дека е локален Грк од Мариупол, чиј дедо се борел против нацистите за време на Втората светска војна, а дека сега се бори против „руските нацисти“.

 

 

Related posts

Leave a Comment