Неподносливо забележлива појава на колективна меморија на кленови како да ги зафатила нашите општествени чинители, особено политичари. Уште пред да започне кампањата за претседателски избори на она на ‘с‘ држава што ќе било, Мицковски, веројатно за да одглуми опозиција, му се обрати на Заев со ѓоамити услов за учество во изборите ако овој му вети дека нема да ги полни кутии во првиот круг. Инаку ќе оди на бојкот во вториот! Кажал, паметел една-две секунди и- заборавил. Загрижувачки е што и тие околу него заборавиле. Па, така на денот на трудот , се потрудиле од штабот, и преку Димче Арсовски ни соопштија дека нивните опоненти најдобро што можеле да прават е – да полнат кутии. Поднеле и кривични пријави против десетина лица и набројале каде се` се полнеле кутиите, некаде и со обид да го одржат рекордот во гласање, како на референдумот. И, овој начин, вели Арсовски, му бил проверен на Зоран.
/ Дали ова задоцнето посочување на изборни нерегуларности се должи на струдениот туш од Унијата пред некој ден, не ме интересира и не ми е во фокусот сега. Пред тоа молчеа како залиени. Ниту бугарски возови, ниту полнење на кутии спомнаа. Не ме инересираат нивните калкулации, доколку не се тивка најава за ‘бојкот‘/
И јавното обвинителство молчело, вели тој или Заев ги пуштил да одмараат по дома додека трае кампањата, за да може да прави што сака. Заборавил дека ЈО си молчи по навика, и одмара, замолчено неабре и тоа риба, која ни уста не отвора да земе воздух. Не заборавил да потенцира, веројатно мислејќи дека поентира, па го кажал и ова: но, и тогаш ( за референудмот ) и сега, со полнење на кутии не може да ја изигра волјата на граѓаните. Секако заборавил да каже што кажал лидерот на партијата околу полнењето на кутиите и вториот круг. Или, меморија на клен и него го зафатила.
Но, не ќе да е до меморијата.
Кога ќе учествуваш во поставувањето на темел за северџанска дивоградба, ќе мораш да продолжиш конструктивно и математички прецизно да го надградуваш, па ќе мораш и да припомогнеш во нејзината легализација. Со учество и на претседателски избори. Особено, пак ако си му ветил на Хан дека нема да повикаш на бојкот. Сложно братски- цензус ќе градиш! За северна дивоградба. А, на членството ќе му билдаш надеж дека твојот кандидат ќе победи. Небаре ќе ги полни Зоран кутиите, за Гога, преку проверениот му начин. Или, паднал договор дека Стево ќе го жртвуваат, ќе го заѕидаат во темелот, курбан ќе го прават.
Да не не` префати меморија на риби, да се потсетиме:
Ќе се самоизгласаш за власт, опозицијата ќе замјаука мјау–пуч-мрч- пуч и ќе си залегне да си дреме. Погласно ќе си замјаукаш додека ги апси твоите другарчиња и ги вади од притвор за да изгласаат уставни промени, со кои ќе фрлат лопата во темелот за севрната дивоградба и пак ќе се втишаш, ќе си задремуцкаш и ќе си грицкаш од буџетското сиренце додека заедно си играте водење држава. Опозицијата конструктивно , другите апла деконструктивно. Но‘ само напред заедно за правда‘ учествуваат во истата игра, си играат заедно, како другарчиња , како братчиња. Политичари на претшколска возраст. И како што ги мрда кукларот- глобалист, којшто ги закачил на конец , марионета да му се. На Македонија и се потребни зрели личности пред се, луѓе со дигнитет, со лично достоинство, кои нема да пред се, поради себеси да се однесуваат како пазарџии на националните интереси како да им се зеленчук во нивната бавча. А, не вазали и измеќари!
И затоа било едноставно значи и ‘кристално чисти избори да си наприват‘. И, затоа веднаш и побрзаа да си прогласат победа и едните и другите и не заборавија да нагласат како изборите течеле во најдобар ред, мирни биле, поголеми нерегуларности немало. Скандинавски биле.
Изборите навистина беа скандинавски . По незаинтересираност. По мала излезност. Во македонски прилики и не со балкански методи – бојкотирани беа! Шут –карта беа! А, тие сложно можат да се прават и шутови, дворски будали за европски , за глобалистички , потреби! За туѓи потреби, на национална штета. Истата игра ќе ја играат и сега во вториот круг.
Колку било едноставно значи- требало само да се договорат дека треба да испорачаат.
И , ќе испорачат. Ако нема цензус, ќе го создадат, ќе го испорачаат. Овој клучен збор- испорачаат, ме донесе до третиот брат во приказнава. Секогаш многу битен за вториот круг. Интегративниот. Тој малку одмораше во првиот круг. Сега ќе се растрча за цензус. И не заборави да каже дека ќе испорача 80. 000 гласови за Стево. Како да им се складирани во подрум, па товари, носи до избирачките места и- трпај во кутии и да се прелева. Има се, може се.
И каде такви во ЕУ? Ви кажаа ако читате и меѓу редови- недоволно е храброст да покажете, име да смените, треба менталитетот на локални шерифи ,шверцери и кибритчии, да го смените!
Уште нешто, за двајцава сложни браќа: едниот порано живи ќе ги јадеше, сега најави дека ќе ги мете и нив, недоволно изметени му биле, опструкции му правеле. Ним, добрички што си биле. Но, се по заслуга- му дадоа легитимитет, му ја легализираа Преспанската дивоградба како заедничкки двор да им е, а ќе му овозможат и цензус, за да ја запечатат.
А, печатот е кај народот. Кај суверенот на државата. Кај гласачот. Кај она огромно мнозинство што не сака да го даде својот глас, со пенкало да си потпише сопствено непостоење, да се самоизбрише, да си изврши автогеноцид. Кај оние што ги нарекувате бојкотирачи од инает којшто немале став. Кај нив е печатот! И со став ви кажуваат дека дворот е нивен, и дека метлата има два краја и дека сега е во нивни раце. Во наши раце е. Како и дворот што е а тој одамна стасан за метење. Утре без пенкало- пуф-паф. За да не се самоизметеме сами како Македонци.
Впрочем, негласање во овакви околности е и прашање на личен интегритет и достоинство. Прашање на сложно македонско обединување кое цензус за сопствено непостоење, не гради!
Соња Манџук