Лидерот на Народна Република Доњецк (ДПР), Денис Пушилин, на својот Телеграм канал објави дека Стивен Сигал пристигнал да го посети овој регион и дека планира да сними документарен филм кој „ќе го промени погледот на војната во Украина .
Американскиот актер, сценарист и режисер Стивен Сигал го посети регионот Доњецк, што Пушилин го потврди во вторникот.„Стивен Сигал снима документарен филм за војната во Донбас. Денеска разговараше со воените затвореници во истражниот затвор Јеленовка“, рече Пушилин.
Тој истакна дека американскиот филмски режисер рекол дека 98 отсто од луѓето кои зборуваат за конфликтот во Донбас во медиумите никогаш не биле во тој регион.
„Тој сака да го смени погледот кон оваа војна, тешка задача. Му посакувам успех и му благодарам што ја посети Републиката во овој многу неизвесен период“, заклучи Пушилин.
Руските режимски медиуми јавуваат дека Сигал пристигнал во Донбас како „специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни односи со САД“.
Steven Seagal, Russia's special representative for humanitarian ties with the US, is in the Donetsk People's Republic.
Here he is visiting a former site for prisoners of war in Olenivka, where Ukraine says Russia massacred dozens of detainees to cover up evidence of torture pic.twitter.com/4iO6HdQBhl
— max seddon (@maxseddon) August 9, 2022