ХРОНИКА

Таткото на Боки 13 осуден на казна затвор од шест месеци

 

Миле Јовановски, татко на Боки 13, e осуден на казна затвор од шест месеци, откако претходно призна вина. Тој беше обвинет за физички напад на свештеникот Виктор Стојчев.

Обвинетиот Јовановски денеска не беше присутен во судница за да ја чуе пресудата.

Според обвинението, Јовановски на 7 јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата.

Судијката Александра Ристеска појасни дека ги ценела олеснителните околности, меѓу кои и дека дека обвинетиот досега не бил осудуван.

На Јовановски му се закануваше казна затвор од шест месеци до пет години, односно беше обвинет за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот Законик.

Related posts

Leave a Comment