Проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, професорка по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје,реагираше на изјавата на членот на Советот за безбедност Ненад Марковиќ , кој инсистира претседателот Пендаровски да прогласи кризна состојба.
Тој исто така додаде дека национализацијата на приватните болници би се сметала за краен чекор, односно тоа би се презело доколку повеќе не постои друг избор.
Советот за безбедност и претседателот на Републиката НЕ МОЖАТ да прогласат кризна состојба согласно Законот за управување со кризи!, возврати Каракамишева.
Си има Управувачки комитет и Група за проценка кои одлучуваат за тоа!
Доста со импровизации и земање на права кои не ви припаѓаат!
За предлогот да се национализираат приватните болници ми е срам и да пишувам!
Тотално непознавање на правото!, реагираше Каракамишева.