ФБ Статуси

Тања Царовска : Не може да очекувате народот да поверува дека можеш да го испееш стихот “На Крушевската Република” без потоа да ги испееш имињата на великаните на истата таа Крушевска Република.

 

 

Не стивнуваат реакциите по повод некоректното изведување на државната химна од страна на пејачката Тамара Тодевска за време на прославата на денот на независноста на САД.

Со свој став по ова прашање се огласи и нашата светски позната музичка ѕвезда ( композитор и вокален изведувач ) Тања Царовска која години наназад е успешен музички амбасадор на Македонија, во Велика Британија и во останатиот дел на светот.Таа на светската јавност и е позната по изведбата на насловната нумера за филмскиот блокбастер Троја. Царовска на својот ФБ профил напиша :

Ете ги, се јавија оние кои не се воздржаа колективно да го поштедат од јавно карактеризирање за некадар пејачот Бени ама за Тамара сечат вени.

Пред да пишам што ми е на ум, за вас народе со одвратните лични навреди кон Тамара – ем се невкусни и недолични за луѓе што тврдат дека имаат високи идеали, ем ви се за џабе. Ја наместија, ако има револт, на неа да падне. Олабајте.

Пред некоја година, на прославата за 8ми Септември во македонската амбасада во Лондон бев поканета да ги пеам македонската и британската химна согласно со протоколот. Хонорарот ми беше исплатен од Македонската амбасада и беше околу 300-400 фунти, искрено не се сеќавам точно но не повеќе од тоа. Пола од гостите беа британски државници и пратеници.
Што правиш пред таков настап? Домашна работа, или што викаат Енглезите “you do your homework”.

Два дена пред настап ги учев и преучував текстовите. За македонската немаше потреба да учам само не бев сигурна дали сеуште стои и последната строфа “не плачи Македонијо мајко мила, крени глава гордо високо”. Сепак, го препроверив редоследот, главната амбиција при јавно пеење на химни ми беше химните да ги испеам точно, до само излегување на подиум се потресував за текстовите.

Колку да е јасно како изгледа тоа пред таков настап.

Да, човечки е да се греши.

Но не може да очекувате народот да поверува дека можеш да го испееш стихот “На Крушевската Република” без потоа да ги испееш имињата на великаните на истата таа Крушевска Република. Стихот Крушевската Република го најавува следниот стих. Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев Сандански.
Музикалното уво особено го меморира тоа. На сред ноќ да те разбудат, таа строфа точно ќе ја испееш. Извинувањето кон народот за “случајната грешка” бајаги фрустрира.

Сигурна сум дека на Тамара и беше ноншалантно сугерирано, во стилот: Еј, Тамарче, леле прекрасна си, а бе види, имаме ситуација малце, таква е работата, ај те молам стај им сладолед од малина оти јагодата се потроши, не ќе примети некој. Ако некој нешто промрчи, ќе речеш уф сори гајс, грешка.

Зашто полесно е да се извини пејачка отколку да стои клип на јутуб кај што пееме Гоце Делчев Питу Гули во ова прогресивно, либерално лето 2019то.

Зошто толкав револт кон пејачка а не за политичари?

Зашто уште тоа се надевавме дека ни остана, дека уште уметниците останаа како луѓе со совест и чест, морал и етика и пред се идеали, кога за политичарите ни е јаснo дека ги немаат. Таканаречените политичари само еден на друг си поттуриваат вода од шише да си ги измијат рацете.

Зашто Тамара и нејзините популарни колеги ги знае секое детенце во Македонија на кое не му е гајле за Заев, Рашко, Грујо или Канчевска (да именувам само неколку trending now), затоа народот толку се разочарува, повеќе отколку за оние кои зад кулиси мафијашат со државниот буџет. За овие банди, сфативме дека сме немоќни уште со непочитувањето на референдумот. Апатија си фати, пристигнувајќи на голема врата заедно со животот во Македонија. Добронамерните Шарени пиони истоштени, останатите во неверување како Шарењаците таа бунтовна енергија ја трошат за џабе, кладејќи се пак на бројка која неколку пати беше губитна.

Сепак, тешко е да си јавен уметник (performing artist) во оваа дисторзирана реалност во која се може да се очекува од секого. Не е само Тамара, многу други уметници изненадија што во најкритичен момент избраа забавувачки хонорари над принципи и идеали.
Да не ги спомнуваме воопшто сите кои како фудбалска топка меѓу два тима летаат пеејќи им на кампањи. Ми требале пари повеќе од се, имав огромни периоди во животов во кои броев кованици за прехрана но пеење за партиска кампања никогаш не доаѓаше во предвид. Ете, сега сфаќам дека тоа е нешто на кое јас можам да речам дека сум ГОРДА, ако на нешто сум воопшто. Никогаш нема да пеам за избори. Ќе ми потпевнува можеби само срцево кога некоја партија ќе обележи барем еден мандат чесно и транспарентно служење и грижа за својот народ, својата околина и живиот свет. Обавезно 

Народот ја исфрли лутината врз Тамара зашто негде мора, на тие кои и ја наложија задачата веќе ништо не им можат. За жал, Тамара налепи. Ама лутината држи од поодамна, од “За Европска Македонија”, мисија која повеќето од нас знаевме дека е потполно луда и изградена врз неправда на цел еден народ, но ете, некои најдоа во себе резон да ја поддржат. Најмногу револтира што со името Северна Македонија исто така не сведоа на дечиња што купуваат сладолед, промена од таков размер – на име и идентитет на народ – ни споредија со сладоледче со малку поразличен вкус. Пф, сеа знам дечиња, сакавте јагода ама еве ви банана, исто е де!

Bottom line, уметникот остана последен за кој народот сака да верува дека останува доследен на принципот и НЕ ТРПИ НЕПРАВДА. Кога и уметникот попушти и трампа колективна човечка правда за личен хонорар, што му остана на тој народ како надеж? Ништо, ама баш ништо.

Матичната држава треба да не ДРЖИ. Не за да бидеме нација, туку за секој човек да може да биде свој. Оваа веќе не не држи, па сите ние сме само вејки на ветрот, кој ка ќе го дувне. Divide et empera.
Џабе ја исфрламе лутината едни на други. Тоа и беше поентата.

 

 

Related posts

Leave a Comment