Свет

Твитер го блокираше видеото на Трамп посветено на Џорџ Флојд

White House hits back after Twitter cracks down on Trump's ...

Компанијата Твитер блокираше видео објава на сметката на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, во која му оддава почит на Џорџ Флојд, афроамериканец, кој за време на интервенција беше убиен од полицаец во Минеаполис, објаснувајќи дека компанијата добила пријава за кршење на авторските права.
Во објавата наТвитер сметката на изборниот штаб на Трамп имаше видео во комбинација со фотографии и коментарите на кој ги коментира сликите и полициското убиство во Минеаполис.Во образложението на Твитер се вели дека видеото објавено од американскиот претседател е во спротивност со политиката за заштита на авторските права на таа компанија.

„Ние одговоривме на оправдани поплаки од сопственици на авторски права или нивни овластени претставници за повреда на авторските права“, се вели во соопштението на Твитер.

Претходно, Твитер обележа една од објавите на Трамп за протестите во Минеаполис како „величење на  насилство“, додека американскиот претседател најави измени во законот кој ги штити социјалните мрежи од содржината која ја објавуваат нивните корисници.

Related posts

Leave a Comment