Едно време во старо време, Македонија подпаднала под ропство. А зошто? Затоа што имала еден цар и држава поголеми од сите( воопшто) кои имале се, а сакале уште повеќе! Царот сакал “Слава најголема на светот и таква каква што никој немал”.
Истото тоа го сакал и некој многу пред него, тој не бил човек! Бил Херувим( врховен ангел) прв по ред и чест, космократор, највисок во универзумот…ама сакал уште повеќе. Од искуство знаеме како завршило тоа. Никогаш не се оправил. Така и Македонците после падот во гордаста и ропството никогаш не се опоравиле и биле во континуирано ропство 2200год, по правило, со мали исклучоци од по десетина години кои го потврдуваат правилото. Македонија била многу убава сончева земја и сите ја сакале за себе. Затоа ги раселувале Македонците, а на нивно место населувале азијати, африканери и различни хибриди…и така 2000год. Но тоа не било така лошо како што личи на прв поглед. Тоа било “Мултикултуризам” тоа било “империјална нација” создадена од многу народи и на крајот “Братство и единство”. Но на почетокот на Македонците им било многу лошо. Ги стигнала еврејската клетва :”Да имаш па да немаш, да бидеш прв па последен”. Затоа тие се отрезниле и си дошле на себе си. Им текнало да престанат да бидат пагани и да веруваат во многу “богови” Им текнало дека уште во мугрите на цивилизацијата верувале во еден Бог- Творец на небото и земјата. Без разлика дали го викале Иле или Севишну ( Севишниот).Па на сон го молеле апостол Павле да дојде во Македонија и со вера да ги спаси. Апостолот дошол го донел вистинскиот наук за Богочовекот-Христос, син на Севишниот Бог и радосната вест -Евангелието. Македонците се покајале, се крстиле и биле прв Христов народ ( од многубошците) Станале првите Христијани во Европа. Се спомнувале во Библијата, Евангелието, Коранот, кумранските списи и сите свети списи.Ова теоретски било така, но во пракса огромен дел си терале како порано, т.е погано -пагански. Што би рекол Црноризец Храбар: “Стари наши ијако беха чули за Господа Бога, со црти и решки гатаја и вражеја”. Но Бог милостлив , трпаливо ги чекал да се опорават и им давал изобилство дарови. Им ја дал и честа да имаат 9 свети цареви, да ја изградат најголемата црква во светот, да го просветат целиот словенски род. А христијанството да го шират од Каледонија( Бретања) до Кореа. И како што е кажано во Законот : ” На кого повеќе ќе му се даде, од него повеќе и ќе се бара”!
Македонците одново и одново паѓале на испитите, а тиранските поробувања само се менувале едно со друго( од лошо-полошо). Изумирале Македонците и физички и метафизички од нив се изродиле : Дарданците, Трибалите, Мизите, Склавините( наречени Словени)…подоцна : Шопите, Торлаците, Власите ( не Ароманите), Торбешите, Помаците, Горанците… Но и македонските хибриди : Хелените, Б’лгарите, Епириотите, Зетите, Сервите ( не Србијанците)…се ситнело македонското ткиво, но сепак останале и живи Македонци( некаде околу три милиони). Но во сите овие борби, преживувања и преумувања. Изумреле многу луѓе во многу војни. Според професорот Блаже Ристовски само во 19ти век загинал секој трет македонски маж. После 7 востанија, 5 буни и три револуции, конечно се создале услови за ослободување и возобнова на македонската држава. Македонците така тиранизирани, манипулирани, владеани лажени и крадени државата не ја чувствувале како своја. Ни државата, ни било кој нејзин атрибут или сегмент. Што е и природно после 2200год. ,туѓи држави и робување. Но не ја чуствувале за своја ни Црквата, обичаите и верата на нивните татковци и се повеќе се предавале на белосветските “Изми”. Социјализми, интернационализми, комунизми…а всушност Материјализми.
И така залулани во материјализмот, слободни 1/3 од народот и 1/4 од земјата Македоноска. Македонците ги полнеле и празнеле цревата, и тонеле во анимално-вегетативните ниски страсти се подлабоко, тонеле како во жива кал. По којзнае кој пат повторно се откажувале од Бога. Во името на : Маркс, Енгелс, Ленин, Сталин, Тито, Лазар…едисикојси.
И се дошло до стадиум да ја продадат кучата и фигуративно и буквално. Нивните татковци кои пред само една генерација знаеле барем 7 молитви на црквено-словенски, се чуделе на своите внуци кои не ја знаеле “оче наш” на македонски. А за тоа време “соседите” на кои им ја продале кучата ги учеле своите деца, ајетите и сурите да ги знаат покрај на албански, турски и на арапски, апропо комунизмот.
Поради сево ова кај Македонците растела зависта, гневот, љубомората и сите пакости…кратко кажано си терале погано-пагански и безбожнички. Брат на брат волк бил…
Конечно од Македонецот се изродило Македончето…но преживеале и некој Македонци.
PS
Продолжува во втор дел : “МоРе, Курто$Мурто- северџанизмот и МоАв”
…