Јавен повик!!! Пријателски и добронамерно ве замолувам да ми објасните неколку работи…еве да ме просветлите да не шетам така прост и неупатен во ова ера на информации?
1) Велите : “Да на протестот имаше штаботоми и сендвичари, ама имаше и гладен народ кој денот го преживува со 100ден.” Оттаму и слоганите : ” Цените не се трпат” , ” Цената на бурекот”. ” Ефтина струја”. Значи мене не ми пречи што имаше слогани и максими за цените, ми пречи што немаше за ВРАЌАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ,поништување на северна и враќање на Македонија на Македонците! Друго можеби и поважно е што протестот го чинеше ДПМНЕ 200.000 €. Според нивни инсајдери. А резултатот? Падна владата? Добивме предвремени? Добивме една изборна единица? Знаете ли колку леб, брашно и масло се купува за 200.000€. А да ги разделеа тие пари на тие сиромашните што немаат леб? Немаше ли да е поарно?
2) Носете го само вентилаторот, ” ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ ПОД ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ”? Митингот ( тие така го викаат) суштински не се разликуваше ни во милиграм од оној на СДС. Само што беше многу по мирен, но и многу по анемичен, летаргичен и безживотен. Што понуди мицика на МИТИНГОТ…дека ќе ја укине дивата двојазичност, ќе укине северна, договор за добрососедство или дека ќе склучи договор со Иран за ефтина нафта, со Русија за газ и ефтин зејтин? Ништо така, само голи флоскули?
3) Сите кои ми досаѓавте во пораки и со јавувања, ве прашав, зошто кога јас, ние организиравме протести за спас на МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКО, МАКЕДОНЦИ…никаде ве немаше, доаѓаа од 500-1000 луѓе. А за мицика да смести дупе у фотеља; од која ќе продолжи да не распродава топ-тан…оп 20.000. Не верувам дека сите 20.000 се штаботоми и сендвичари?
Вие што ми одговоривте? “Мицика е голем, ти си мал? ”
По кој основ? Јас сум голем човек ( 103кг, 196см) со уште поголемо срце и голема македонска душа. Делата ли му се поголеми? Борбата за Македонија ли, страдањата кој ги поминал бранејќи се македонско, ли му се поголеми од моите? Искреноста во намерите ли му е поголема, Доглотрајноста и истрајноста во борбата ли му е поголема? Стажот и педигрето во ВМРО ли му е поголемо? Па јас сум 5та генерација ВМРО. Во што е поголем хидро-мишот? Дај ве молам просветете ме?
Однапред ви благодарам на помошта.
Томче Ширков