Свет

Трамп: Да останев, многу работи ќе беа поинакви

Новата компания на Тръмп TMTG ще предоставя уеб услуги и обработка на  плащанията - Бизнес - БНР Новини

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска потсети дека уште во 2018 година ја предупредил тогашната канцеларка Ангела Меркел и германските власти за опасноста од зависност од рускиот гас, но дека тоа не го сфатиле сериозно.

Тој нагласи дека многу работи во светот денес би биле поинакви доколку администрацијата не се сменела со доаѓањето на Џозеф Бајден на чело на САД.

На ТВ Њусмакс, во култното шоу „Разбуди се Америко“ („Wake up America”), чиј автор е славниот Роб Финерти, Трамп рече дека ги предупредил Германците за потенцијален проблем со изворите на енергија, но тие не слушале. .

Пред почетокот на телефонското вклучување на 45-от претседател на САД во емисијата, беше емитуван дел каде Трамп уште во 2018 година нагласи дека Германија не смее да зависи од рускиот гас до 72 отсто и дека германските власти тоа го поздравиле со потсмев.

 

 

Трамп потсети дека Меркел предупреди дека гасоводот Северен тек 2, кој требаше да ги снабдува со гас од Русија, ќе ја направи Германија уште позависна од увозот на руска енергија.

„Ако добиете 72 отсто од енергијата од Русија, многу брзо ќе се предадете“, потсети Трамп на тогашното предупредување до Меркел и другите германски официјални лица и додаде дека Германија сега се враќа на старомодните извори на енергија, како што е јагленот, и покрај ставовите дека ќе ја спроведуваат зелената агенда.

Во разговорот во кој акцентот сепак беше ставен на првото патување на Трамп во неговата викендичка во Палм Бич, Флорида, во Мар-а-Лаго, откако ФБИ изврши претрес, Трамп рече дека за време на неговиот мандат како претседател на Соединетите Американски Држави , тој неколку пати контактирал со претседателот на Русија Владимир Путин, кој сега, како што додаде, сака да ја покаже својата сила во Украина.

Според него, тие разговарале неколку пати, за разлика од сегашната администрација која не е во контакт со Путин.

„Имав добри лични односи со кинескиот претседател Си Џинпинг, иако САД и Кина немаа добри односи“, рече Трамп и изрази уверување дека тоа што се случува во Тајван немаше да се случи денеска доколку останеше старата администрација. .

Трамп потсети дека немаше нови војни за време на неговиот мандат.

Во студиото гостин беше и поранешниот специјален пратеник на Белата куќа за дијалог меѓу Белград и Приштина, амбасадорот Ричард Гренел.

 

 

Трамп рече дека сето тоа личело на „воен удар“.

„Тие не би сакале (да ја објават снимката) поради безбедноста на агентите на ФБИ кои го окупираа имотот“, рече Трамп.

Тој нагласи дека тоа нема да го направи поради тие луѓе, поради нивната безбедност, бидејќи побарале од него да не го објавува.

„Ако сакате да ја дознаете вистината. Имам одличен однос со луѓето во ФБИ“, рече Трамп.

Гренел беше и вршител на должноста директор на Националната разузнавачка агенција, тело кое раководи и надгледува 17 разузнавачки агенции и нивната работа.

Related posts

Leave a Comment