Свет

ТРАМП ДЕМАНТИРАН ОД СВОЈОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА : НАВОДНИТЕ ПЛАНИРАНИ НАПАДИ ВРЗ АМБАСАДИТЕ НА САД ОД СТРАНА НА ИРАН СЕ ИЗМИСЛИЦА

ЕПА-ЕФЕ / ЕРИК С. ЛЕСЕР

Вашингтон – Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави дека не видел конкретни докази од разузнавачките информации дека Иран планира напад на четири американски амбасади.

Претседателот Доналд Трамп неодамна посочи дека оправданост за атентатот врз иранскиот генерал Касим Сулејмани е нападот што Иран наводно го планирал врз амбасадите на САД.

„Претседателот рече дека најверојатно може да има нови напади врз амбасадите. Јас го споделувам тоа мислење“, рече Еспер за Си-Би-Ес.

Тој додаде дека Трамп не дал конкретни докази, пренесува Ројтерс.

На прашањето дали разузнавачките служби понудиле конкретен доказ за тоа, Еспер одговорил: „Не сум видел ниеден кога станува збор за четирите амбасади“.

Related posts

Leave a Comment