„И тогаш велиме – Кина го направи тоа, ние не. Потоа тие почнуваат да се расправаат меѓу себе, а ние седиме и гледаме“, додаде Трамп.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп предложи САД едноставно да ги покријат своите борбени авиони со кинески знамиња и да ја нападнат Русија, велејќи дека тоа ќе ги натера Русите и Кинезите да се борат едни против други.
Трамп: И тогаш велиме – Кина го направи тоа, ние не
Обраќајќи им се на главните донатори на Републиканскиот национален комитет синоќа во Њу Орлеанс, Трамп повторно се осврна на војната меѓу Русија и Украина. Затоа, тој ја изнесе идејата дека би било добро САД да ги прикријат своите борбени авиони Ф-22 со кинески знамиња и да го бомбардираат „изметот од Русија“, според аудио снимката објавена од новинарот на Вашингтон пост Џош Доуси.
„И тогаш велиме – Кина го направи тоа, ние не. Потоа тие почнуваат да се расправаат меѓу себе, а ние седиме и гледаме“, додаде Трамп.
„Јас сум единствениот американски претседател во овој век за време на кој Русија не нападна никого.