Свет

Трамп : На американскиот народ му е здодеано од лагите на демократите

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека верува оти „луто мнозинство“ на американските гласачи ќе го поддржат и ќе се спротивстават на истрагата за неговото повлекување.

Доналд Трамп им се обрати на поддржувачите во преполната арена во Тупело, Мисисипи, еден ден откако Претставничкиот дом усвои правила за истрага во врска со неговиот отповик во врска со барањето на украинскиот претседател да започне потрага против демократскиот противкандидат Џо Бајден.

„Американскиот народ е презаситен од лагите на демократите, нивните измами и екстремизам. Тие создадоа луто мнозинство кое ќе гласа за многу безработници од редовите на демократите да останат без работа во 2020 година“, рече Трамп .

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека  Американците се остро поделени – 49 проценти од анкетираните сметаат дека Трамп треба да биде отповикан и сменет од функцијата, а 47 проценти го поддржуваат.

Трамп изрази уверување дека ќе го победи секој демократски кандидат на изборите во 2020 година.

„Ќе им го истресеме задникот“, рече тој.

Тој го исмеја Бет О’Рурк неколку часа откако поранешниот американски законодавец ненадејно испадна од трката за претседателски кандидат на демократите.

„Бет, тој бедничок  – јадно, патетично момче“, рече Трамп.

Тој повторно го отфрли  Бајден како „ментално недоволен“ за конкурент и рече дека и тој брзо ќе испадне од трката.

Трамп го бранеше телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во центарот на истрагата за неговото отповикување.

„Јас сум искрен човек како и да е, но дали би го повикал новоизбраниот претседател и би рекол нешто несоодветно, знаејќи дека многумина го слушаат разговорот“, рече американскиот претседател, повикувајќи ги републиканците да се обединат околу него.

Митингот во Тупело беше дел од кампањата за републикански кандидат за гувернер и се смета дека тие избори ќе бидат индикатор за расположението во земјата една година пред изборите во кои Доналд Трамп ќе „брка“ втор мандат.

Related posts

Leave a Comment