Вашингтон – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Тајван би можел да биде „следниот“ за потенцијална инвазија, бидејќи руско-украинскиот конфликт може да влијае, како што рече, на растечката агресија на Кина.
„Тајван ќе биде следен. „Погледнете го само Тајван, претседателот на Кина Кси среќно го мерка“, рече Трамп, пренесе Фокс Бизнис.
На прашањето кога очекува инвазија на Тајван, Трамп одговори дека тоа го очекува наскоро, бидејќи „тие (Кина) гледаат колку глупаво се однесуваат САД“.
„Тие гледаат дека нашите лидери се неспособни и секако дека ќе го направат. Сега е нивното време“, додаде Трамп, пренесува Танјуг.
„Фокс њуз“ потсетува дека високата американска делегација пристигнала во Тајван во вторник поради зголемените стравувања дека Кина може да изврши, како што се наведува во текстот, „инвазија“.