Колумни

ТРЧАЈТЕ, ТРЧАЈТЕ ГАМПОВЦИ, УШТЕ ДВА-ТРИ КРУГА ДО КАНТОНИЗАЦИЈА/ ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА-СОЊА МАНЏУК

На два дена пред инаугурацијата на оној што го најавуваше камшикар дека ќе му биде, оној ‘не за џабе црпнат и стаен уф политикта‘, си земал четири дена одмор од приватни причини. Се качил на моторчето и си ја здувнал кај источниот сосед и пријател. Извесно е дека нема да биде присутен на устоличувањето на нивниот камшикар. На владата као, таквиот.
Трчаше, трчаше, истрча за обезличување на народот, за промена на името , за продажба на историјата и културата …и сега реши да се провози со мотор. Стево сидрото ќе го устоличат и без него.
Погоре навденото можеби и не е коректен вокабулар за колумна, но и постапката на премиер, па бил тој и нелегално избран или насаден, и воопшто постапките и изјавите на нашите политиканти, така да вокабуларот е сосема соодветен. Што би се рекло, за кого е, дури и прекоректно е.
Да бевме нормална, да бевме држава, оваа постапка на Заев, во најмала рака ќе беше скандал и ќе укажуваше дека нешто тука, на релација ‘премиер-црпнат-насаден- однадвор подготвуван‘ и ‘претседател-полни кутии за цензус ‘, дебело не штима. Го бојкотира ли Заев, Пендаровски? Се исплашил ли, се предомислил ли што го посака, и коалиционите му го испорачаа, за камшикар? Не. Стево Сидрото што ќе влече само напред, таман му е. Тој ќе го истрча кругот ,со еден потпис, за бинационална држава, на чекор до федерализација или кантонизација.
Но, да бевме нормална, да бевме држава, такви ликови со скандалозни посталки и изјави, немаше ни да ги имаме.
Дали моторчето му го запали Антикорупциска со најавата за чешлање на неговите фирми во Бугарија? Па, нашиот луди ЗокиМакс одјава на мотор сонце кајшто му изгрева, фирми кај што му грее? Или камшикот дојде од Унијата, која јасно и недвосмислено му укажа дека не е доволно што трчаше име да смени, треба да затрча да ги сузбива и корупцијата и непотизмот. И за независно судство, да трча, па уморен од трчање, се качи на мотор. Неодамна и се самоукина од местото претседател на Советот за судски реформи, кадешто самиот си се постави пред една година. Во неговиот случај би можело да се каже- сам себе си го укинал на непотизам.
Не ја сфатил пораката од Унијата- за џабе трчавте за Европска Македонија! Се уште се надева и трча и се вози на мотор, за да добие датум, да си го оправда трчањето. Ене го, се надева дека ако не во јуни, во септември..уште да му кажат и во колку часот. Изјавува помеѓу трчање и мотор возење: ‘наша цел е ова лето да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ. Светиме на Балканот. ‘ Светат како тикви за денот на Вештерките! Исто како и Пендаровски, кој се уште мисли –‘Уште малку, во јуни, ќе влеземе во подотворената врата на ЕУ‘. Ќе се шмугнеме , демек. Поим нема дека полесно ќе и биде на камила да се протне низ иглени уши, отколку тие такви да влезат во ЕУ. Може да мафта и со раце и со нозе, као простор да прави, да се турка. Заглавија во процеп. Не е доволно преспански договор да истуркаат на сила, вазалски пријателски договори да донесат, да разнебитат македонско се`. Ним, вакви како што се, вратата ќе им биде замандалена и во 2025. Низ подотворена врата ќе влезеле! Ги видов смачкани во процепот на вратата. Видов карикатура.
А, и Унијата е заглавена во процеп. Иако подотвори- подзатвори со вратата прават. Прво средете си ги внатрешните работи во своите земји- му порачаа на Западен Балкан и Меркел и Макрон. А, и тоа што Хан ни кажа да си ги средиме на балкански начин, не е доволно.
И тоа не било доволно. Продолжија шутови да се прават. Дворски будали за туѓински потреби. Унијата им кажа-јок,вала, датум, јо. Не е доволно името да го смените, дивоградбата да си ја легализирате, кога становите си ги поделивте по фамилии. Со други зборови – со корупција и непотизам, не ни требате, А, и ние си имаме ‘реневорање‘ по дома. Ни кажа и Тимоние, оној иститот кој не повика масовно да излеземе да гласаме за претседател. На она на ‘с‘ Македонија држава што требало да биде. Пред првиот круг. Како и многу други еврокомесарчиња пред заминување, кои не повикаа масовно да сме излегле на гласање. Можеа и дрски да бидат, кај многумина ќе им поминеше- да не повикаат ритуално да го бакнеме пенкалото со кое ќе си извршиме автогеноцид! Пред вториот замолкнаа. И ним им беше јасно- цензус на балкански начин за евроинтеграции, ќе има. Заевизмот и мицковизмот затрчаа еден покрај друг, во оваа фаза од проектот –трчај за да се самоукинеш. Сега, по Берлин, ни кажаа, дека ништо не ни ветиле, и тие самите се пред ‘реновирање‘. Исто како да ни кажаа дека после 2025 година, ни тие нема да знаат ни вратата за влез каде ќе им биде. А, којзнае и врата дали ќе имаат, /и/ за Западен Балкан.
Го затупев. Многу општи места. Многу простор за нешта кои ни се јасни на сите. Или, не баш на сите. Многу заевисти и мицковисти исти се покажаа. А, сепак, не баш исти биле. За Македонија биле. Овие вториве. На ден пред инаугурација на претседател –како сте, со меморијата како стоите? Се сетивте ли дека со преспанската зделка ни го избришаа и името и идентитетот и историјата и културното наследство. Дека не обезличија сосема, со пенкало не поништија а вие со пенкало им дадовте за право, цензус им овозможивте. Му дадовте пенкало во раце на Пендаровски за да не поништи и со потпис, за да ни го озакони непостоењето како Македонци. Исто ќе беше пенкалото и во рацете на Силјановска. За влез, за членство во евроатлантските оргнизации, кои се веќе извесна и се подалечна неизвесност. А, и да не се- преголем е влогот!
Се чини, само на Османи му е јасно- без датум за преговори, преспанскиоот договор ќе колабира. И на Џафери. Но,тој ќе се погрижи да нема празен `од промената на претседател. Не мора да се грижи дали Пендаровски ќе потпише. Тој ќе потпише и стоејќи ако треба, не мора ни да седне на столчето. И над договреното ќе оди, ако тоа се бара од него.
Но, тие и не трчаа за џабе. Ако ништо друго, за бинационална држава успешно истрчаа. На чекор до кантонизација/федерализација.
А,барањето наскоро ќе стигне, како по инерција.
Ни за Еу,ни за НАТО истрчавте безглаво, македонски гамповци. Вие железен опинок и влада и опозиција, само во голема Албанија сте затрчани да влезете, на мала врата. .
Колумнава е предолга, преголема, како што е мојот гнев, мојата немоќ, мојата македонска бол.

Соња Манџук

Related posts

Leave a Comment