Свет

ТУЛСИ ГАБАРД : КАБИНЕТОТ НА ТРАМП ЗАМИЖУВА ПРЕД ТЕРОРИЗМОТ КОЈ ГО ГЕНЕРИРА САУДИСКА АРАБИЈА(ВИДЕО)

Кандидатката во трката за претседателски кандидат од редовите на демократите во САД,Тулси Габард, ги обвини Доналд Трамп и неговиот кабинет за толерирање на тероризмот кој кралството Саудиска Арабија го генерира спонзорирајќи екстремистички организации како Ал Каеда и ИСИС.

,,Саудиски поручник изврши терористички напад во Пенсакола убивајќи три членови на безбедосните служби и оставајќи осум други повредени. Зошто Трамп се однесува како портпарол на кралството на Саудиска Арабија? Понижувачки и срамно е што канцеларијата на претседателот се користи за промоција на  интересите на теократското и екстремистичко кралство Саудиска Арабија, извозникот број еден и поборник на радикалната исламистичка идеологија која ги потхранува џихадистичките групи како Ал-Каеда и ИСИС”.

Related posts

Leave a Comment