Свет

Тулси Габард : Тоа што се случи во Боливија е државен удар

Кандидатката за претседател од редовите  на демократите во САД,Тулси Габард,која од ден на ден се повеќе ги освојува симпатиите кај граѓаните поради своето отворено критикување на надворешната политика на САД и мешањето на оваа држава во внатрешните работи на многу држави во светот,изнесе свое видување за случувањата во Боливија.

,,Тоа што се случи во Боливија е државен удар. Период. САД и другите земји не треба да се мешаат во потрагата на луѓето од Боливија за самоопределување и право да изберат сопствена влада”,напиша Габард на својата промотивна страница на фејсбук.

Поради своите критички ставови таа се соочува со своевидна изолација од водечките медиуми во САД кои се под контрола на на двете големи политички партии,а и со опструкции во својата матична демократска странка.

Нејзиниот слоган во кампањата за претседателски кандидат гласи:

Мораме да застанеме обединети против неоконзервативците / неолибералите кои не влечат од една во друга војна за менување ,,режими”, внесувајќи не во нова студена војна, со што не доближуваaт  до работ на нуклеарна војна. мораме да ги пренасочиме нашите скапоцени ресурси за реконструкција на нашата инфраструктура, медицинска грижа за сите, зелена економија, и многу повеќе за  американскиот народ…

play-rounded-fill

Related posts

Leave a Comment