Свет

ТУЛСИ ГАБАРД : ТРАМП НЕ КОНФРОНТИРА СО РУСИЈА,ИРАН И СИРИЈА

Кандидатката за претседател на САД од редовите на демократите Тулси Габард, директно го обвини Доналд Трамп дека со неговите непромислени воени дејства директно ја конфронтира САД со Русија,Иран и Сирија и со тоа им помага на ИСИС и Ал Каеда повторно да зајакнат

Проблемите создадени од импулсивната, неправилна воена акција / надворешната политика на Трамп повторно се на виделина, овој пат во Ирак. Воениот напад на Трамп против иранската милиција беше импулсивен, кусогледен и му недостасуваше стратешка цел. Нападот доведе до тоа нашата амбасада да биде опсада и да ја поткопа нашата врска со ирачката влада и луѓето таму.Работејќи за интересите на Саудиска Арабија и џихадистите како Ал Каеда и ИСИС, Трамп не носи подлабоко и подлабоко во средината на блискисточната криза.Треба веднаш да излеземе од Ирак и Сирија. Само така ќе спречиме да не вовлечат се подлабоко и подлабоко во војна со Иран.Уште колку американски животи, колку трилиони долари ќе бидат потрошени пред да излеземе? Може да биде сега, или може да биде за 10 или 20 години, но во ниеден случај нема да има американска победа како што немаше во Виетнам,Авганистан и Ирак.

Трамп е заложник на военохушкачката политика на Болтон и Пенс кои по секоја цена сакаат да ја втурнат нашата земја во војна со Иран која подоцна би се развила во конфронтација со Русија и Сирија кои се најзаслужни за елимирањето на Исламската држава.Очигледно Трамп и неговата администрација одработуваат за туѓи интереси,примарно саудиски и израелски.Трамп дојде на власт ветувајќи дека ќе се повлече од блискиот исток но тој не само што не го направи тоа тој продолжува да ја продлабочува блискоисточната криза,рече Габард.

Related posts

Leave a Comment