Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турските трупи започнале да се движат кон Либија за да ги поддржат силите на Фајез ел Серај и меѓународно признатата влада во Триполи.
Турскиот парламент во четвртокот го усвои законот со кој се дозволува распоредување единици во Либија, да се заштитат интересите на Анкара во северна Африка и Медитеранот и да се врати мирот и стабилноста во Либија.
„Таму ќе има оперативен центар, ќе има турски генерал и ќе има ситуација на управување. (Турските војници) постепено се движат таму“, рече Реџеп Таип Ердоган во интервју за Си-Ен-Ен Турк .
Либиските сили минатиот месец побараа поддршка од Турција против офанзивата на силите на генералот Калифа Хафтар, кои ги поддржуваат Русија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Јордан.
Во саботата 30 луѓе загинаа, а 33 се повредени во напад на воена академија во либиската престолнина.
Турција го осуди нападот.