Свет

Турција добива С-400 на 7ми Јули?

 

 

Во четвртокот, турскиот потсекретар за одбранбена индустрија Исмаил Демир посочи дека испораките на С-400 би можеле да започнат следната недела односно од 7ми Јули. Руската страна не го специфицираше точниот датум на испораките.

Веста за руско-турските разговори за купување на системот С-400 најпрво дојде во ноември 2016 година. Москва потврди дека договорот е потпишан на 12 септември 2017 година. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави дека Анкара направи авансно плаќање. Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, рече дека распоредувањето на системот С-400 ќе започне во октомври 2019 година. Според генералниот директор на рускиот Ростец Сергеј Чемезов, трошокот за договорот изнесува 2,5 милијарди долари. Турција е првата земја-членка на НАТО која го купи ракетен систем од Русија.

САД преземаат енергични напори да ја спречат Турција да го купи рускиот систем за воздушна одбрана С-400. Претходно, Пентагон изјави дека купувањето на Турција на С-400 системот го загрози учеството на Анкара во програмата за унапредување на авионите Ф-35.

Related posts

Leave a Comment