Свет

Турција : Налог за апсење на 133 воени офицери осомничени за воен пуч

 

Анкара – турското обвинителство издаде налог за апсење на 133 воени офицери осомничени за поврзаност со имамот Фетулах Ѓулен за обидот за пуч во 2016 година.

Турската агенција соопшти дека 101 осомничен е приведен во истовремени рации во 45 провинции, а полицијата трага по уште 32 осомничени. Меѓу осомничените, 82 се офицери кои моментно служат во војската.

АП додава дека меѓу нив има  тројца полковници, пет мајори и пет поручници.

Околу 77.000 луѓе се уапсени, а 130.000, вклучително и воен персонал, беа отпуштени во изминатите три години од неуспешниот пуч.

Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија од 1999 година, негира дека има врска со неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година.

Related posts

Leave a Comment