Турција нема да се повлече од купувањето на рускиот ракетен систем С-400, изјави високиот помошник на Ердоган, Ибрахим Калин, најавувајќи го пристигнувањето на рускиот претседател Владимир Путин во јануари.
Турскиот и американскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп разговараа во средата во Вашингтон за надминување на растечките разлики меѓу двата НАТО сојузници, особено по заканите за санкции поради турската набавка на С-400 и политиката кон Сирија.
Вашингтон соопшти дека С-400 е закана за нивните авиони Ф-35 и тие го стопирале ушеството на Турција во таа програма за продажба на борбени авиони, пренесува Ројтерс.
Ибрахим Калин исто така рече дека рускиот претседател Владимир Путин планира посета на Турција во првата недела од јануари и дека темите на разговорите ќе бидат енергетските прашања, вклучително и гасоводот „Турски тек“, како и детали за договорот Анкара-Москва за повлекување на курдската милиција од границата со Сирија.