Свет

Турција : С-400 е купен да се користи, а не да стои на страна

Фото: Depositphotos / zaykinoleg.gmail.com

Анкара – Турција го купи одбранбениот систем С-400 од Русија за да го користи наместо „да го тргне настрана“, рече шефот на Дирекцијата за одбранбена индустрија во Турција.

„Не е логично за ниту една земја да купи вакви системи само за да ги стави настрана“, рече Исмаил Демир во интервју за Си-Ен-Ен, додавајќи дека турските и американските власти ќе работат на решавање на проблемот.

Тој исто така рече дека рускиот персонал нема да дојде во Турција за да управува со системот С-400.

Претходно, високиот помошник на Ердоган, Ибрахим Калин, потврди дека Турција нема да се повлече од аквизицијата на рускиот ракетен систем С-400, најавувајќи пристигнување на рускиот претседател Владимир Путин во јануари.

Претседателите Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп разговараа во средата во Вашингтон за надминување на растечките разлики меѓу земјите сојузници од НАТО околу набавката на руско оружје, но и за политиката кон Сирија.

Вашингтон рече дека С-400 е закана за нивните авиони Ф-35 и тие го прекинаа учеството на Турција во таа програма за продажба на истите.

Related posts

Leave a Comment