Македонија

Убиена 78 годишна жена за долг од 1500 евра

 

Жена утрово е убиена во Гостивар, а две лица се повредени и пренесени на скопските клиники, откако им биле нанесени повреди со остар предмет по што едно лице е приведено за сомнение за вмешаност во случајот, велат од СВР Тетово.

Како што неофицијално се дознава , убиството во Гостивар, во кое жртва е 78 годишна жена, е извршено заради камата за основен долг од 1.500 евра. Убиството се случило доцна синоќа, а покрај жртвата тешко ранети се уште две лица кои се пренесени на скопските клиники.

Првичните информации се дека на телата на убиената и на жртвите имало 20 убоди со нож!

Полицијата веќе има приведено еден осомничен за убиството.

Related posts

Leave a Comment