Украинската армија истрела артилерија на територијата на најголемата нуклеарна централа во Европа во Запорожје, за време на работна смена, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на градските власти на Енердогар, кој е под контрола на руските сили.
Според нив, на местото на гранатирањето избувнал пожар и истиот се гаси.
Прекинати се далноводите на струја, додаде РИА Новости.
Интерфакс наведува, повикувајќи се на изјавите на градската управа, дека пожарот избувнал во просториите на електраната и дека прекинот на струјата е неопходен за безбедно функционирање на реакторот, пренесува Ројтерс.