Организаторите на УС Опен соопштија дека не презеле ништо за да му дозволат на Новак Ѓоковиќ да игра на последниот Грен слем во сезоната.
Српскиот тенисер не е вакциниран и според правилата не смее да влезе во Соединетите Американски Држави.
Сепак, постои можност за исклучок и според мислењето на многумина организаторите на натпреварот во Њујорк тоа требало да го побараат за сопственикот на 21 Грен слем титула.
Сепак, во соопштението на УС Опен се потенцира дека не можеле да му помогнат на Ѓоковиќќ Посебно, интересно е што Новак играше во Њујорк за време на екот на епидемијата во 2020 и 2021 година .
„Бевме во контакт и со Стејт департментот, граничните и царинските служби. Правилата се сменети и за разлика од 2020 и 2021 година, никој од надвор не може да бара изземање. Владата не ги разгледува ваквите барања. Тоа е воспоставено во октомври 2021 година и не можевме да направиме апсолутно ништо “ , се вели во соопштението на организаторите на УС Опен.